Д-р Даниела Попоска, специјалист по онкологија и радиотерапија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, беше дел од трибината „Розов октомври – заедно за живот, љубов и сила“, посветена на подигнување на свесноста за ракот на дојка и важноста на навремената дијагностика и лекување.
Во рамки на своето предавање, д-р Попоска говореше за најчестите симптоми на ракот на дојка, значењето на раното откривање на болеста, редовните превентивни прегледи, како и за современите можности за лекување преку мултидисциплинарен пристап. Таа ја истакна важноста на навременото препознавање на промените и континуираната грижа за сопственото здравје.
Трибината помина во интерактивна атмосфера, со голем интерес од присутните, кои имаа можност да поставуваат прашања, да споделуваат искуства и да добијат стручни совети и одговори.
Посебен придонес во организацијата на настанот дадоа учениците од СОУ „Димитар Влахов“, кои со изработка на симболични розови панделки и активно учество испратија порака за солидарност, поддршка и заедништво во борбата против ракот на дојка.
Настанот беше исполнет со стручни сознанија, лични приказни и охрабрувачки пораки, потсетувајќи дека информираноста, превенцијата и меѓусебната поддршка се важни чекори во грижата за здравјето на секоја жена.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.