СПОНТАНО ПОРОДУВАЊЕ ИЛИ ЦАРСКИ РЕЗ – ТЕМА НА ВЧЕРАШНОТО ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ

СПОНТАНО ПОРОДУВАЊЕ ИЛИ ЦАРСКИ РЕЗ – ТЕМА НА ВЧЕРАШНОТО ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ

22.10.2026

Во „Аџибадем Систина“ секоја среда се одржуваат бесплатни едукативни предавања за идните родители, на кои нашите специјалисти споделуваат стручни совети и корисни информации за бременоста, породувањето и правилната нега на новороденчето. Целта е идните родители да бидат подобро информирани, подготвени и посигурни во секој чекор од ова посебно животно патување.

Вчерашното предавање на тема: „Спонтано породување или царски рез“, кое го одржа м-р доктор Александар Бојаџиев, гинеколог акушер, предизвика голем интерес кај присутните идни родители. Д-р Бојаџиев ги објасни двата начина на породување, посочувајќи ги нивните предности и ризици, а бројните прашања и дискусии придонесоа за интерактивна и едукативна средба.

Продолжуваме и следната среда со ново бесплатно предавање, посветено на правилната нега на новороденчето и вежбите за правилен раст и развој, со совети од педијатар неонатолог и детски физиотерапевт.

Ги покануваме сите идни родители да ни се придружат и да ги искористат овие средби за да се подготват за едно од најубавите животни искуства – родителството. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.