АНЕСТЕЗИОЛОЗИТЕ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО АКТИВЕН ПРИДОНЕС НА ПОСТДИПЛОМСКАТА ЕДУКАЦИЈА ПО АНЕСТЕЗИОЛОГИЈА

АНЕСТЕЗИОЛОЗИТЕ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО АКТИВЕН ПРИДОНЕС НА ПОСТДИПЛОМСКАТА ЕДУКАЦИЈА ПО АНЕСТЕЗИОЛОГИЈА

20.10.2026

Прим. д-р мед. науки Бети Костадиновска-Јорданоска, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување од Одделот за кардиохирургија, и д-р Никола Шиков, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од Одделот за општа интензивна нега учествуваа како поканети предавачи на овогодишната постдипломска едукација по анестезиологија на тема „Специфични области во периоперативната медицина“, која се одржа од 16 до 18 октомври во Дојран.

Прим. д-р мед. науки Бети Костадиновска-Јорданоска одржа предавање на тема „Современа периоперативна грижа во кардиохирургија: од принципите на ERACS до клиничката практика“, додека д-р Никола Шиков говореше на тема „Безбедност на пациентите и рационално користење на ресурсите во општата интензивната нега“, нагласувајќи го значењето на безбедноста на пациентите и ефикасното управување со ресурсите во секојдневната клиничка практика.

На постдипломската едукација присуствуваа и други членови на медицинскиот тим на „Аџибадем Систина“, специјалисти по анестезиологија со интензивно лекување: д-р Панде Чукалевски, д-р Весна Поп-Стефанија Чорбева, д-р Александар Радоешки, д-р Јован Стрезоски, д-р Дарко Стефаноски и д-р Филип Венинов.
 
 
Учеството на нашите лекари на вакви стручни собири ја потврдува посветеноста на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на континуираната медицинска едукација, размената на стручни знаења и искуства и примената на современи медицински практики, со цел постојано унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената грижа за пациентите.

 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.