Во рамки на циклусот бесплатни едукативни предавања за идните родители, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа предавање на тема „Совети за здрава исхрана и вежбање во бременост“.
На предавањето, физијатарот д-р Рената Божинкочева и нутриционистот м-р Ана Антовска споделија практични совети и препораки за одржување здрава и активна бременост. Присутните имаа можност да дознаат повеќе за значењето на правилната исхрана, изборот на соодветни физички активности и начините на кои идните мајки можат безбедно да се грижат за своето здравје и за правилниот развој на бебето.
Преку интерактивна дискусија, идните родители добија одговори на своите прашања и корисни насоки за усвојување здрави животни навики во текот на бременоста.
Следното предавање ќе се одржи на 30 септември, на тема „Грижа за кожата и забите во бременост“. Предавачи ќе бидат проф. д-р Андреј Петров и д-р Марио Илковски, кои ќе споделат стручни совети за правилна нега и зачувување на здравјето на кожата и забите во овој важен период од животот на жената.
Со организирањето на овие едукативни предавања, „Аџибадем Систина“ продолжува да им обезбедува стручна поддршка и корисни информации на идните родители, помагајќи им со поголема сигурност и подготвеност да го дочекаат доаѓањето на новиот член на семејството.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.