Со цел што поголем број родители да се запознаат со придобивките од редовното и правилно вежбање за правилен раст и развој кај децата, „Аџибадем Систина“ организира два бесплатни промотивни часа по гимнастика за бебиња. Часовите ќе ги води Дијана Мариновска, магистер по физикална терапија во педијатрија, која преку соодветно избрани вежби ќе им покаже на родителите како физичката активност може да придонесе за поттикнување на моторниот развој, координацијата и правилното движење уште од најрана возраст.
Промотивните часови ќе се одржат на:
Часовите се наменети за бебиња на возраст од 2 до 12 месеци, а учеството е бесплатно, но поради ограничениот број места потребна е претходна пријава на телефонскиот број 02 30 99 500.
Редовните часови по гимнастика ќе започнат во октомври, а со секоја месечна членарина следува и подарок од нашите Acibadem Sistina Baby пријатели.
Овозможете му на вашето бебе активен и правилен почеток во развојот и запознајте се со придобивките од вежбањето преку нашиот бесплатен промотивен час.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.