Аџибадем Систина

ОД ОПЕРАЦИОНА САЛА ДО ЗАСЛУЖЕНА ПЕНЗИЈА ЗА ДОКТОР БЛАГОЈА ВЕЛКОВСКИ

31.08.2026

По повеќе од две децении посветена работа во нашата здравствена установа, доктор Благоја Велковски, специјалист анестезиолог, денеска го започнува своето ново животно поглавје.

Тој беше дел од медицинскиот тим уште од самите почетоци на „Мала Богородица – Систина“ и низ сите овие години остави значаен белег во развојот на Одделот за анестезија и реанимација.

Како еден од носечките столбови на одделот, д-р Велковски за безброј пациенти беше симбол на сигурност, доверба и спокој, додека пак за тимот со кој работеше, тој секогаш беше човек на кој може да му се верува. Во операционата сала, неговото знаење, искуство и присебност беа од особено значење и во најпредизвикувачките моменти. 

Денес не испраќаме само искусен професионалец, туку и долгогодишен колега, пријател и човек кој остави неизбришлива трага во работата на нашата болница.

Д-р Велковски, Ви благодариме за сите години посветеност, професионалност и човечност.

Ви посакуваме добро здравје, многу среќа и безброј убави и исполнети моменти во годините што следуваат. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.