Првите чекори се еден од највозбудливите моменти во развојот на секое дете, но и период во кој родителите често имаат многу прашања. Кога детето е подготвено да се исправи, како правилно да го поттикнат да прооди и кои навики треба да ги избегнуваат.
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на тема „Чекор по чекор до проодување“ се организираше групна работилница, наменета за деца на возраст од 10 до 18 месеци кои се во период на подготовка за своите први самостојни чекори. Преку практични вежби и игра, родителите учеа како правилно да го поддржат природниот моторен развој на своето дете: од лазење, преку исправување и стабилно стоење, до самостојно проодување.
Во рамки на работилницата беа опфатени следниве теми:
Работилницата ја водeше м-р Дијана Мариновска, магистер по физикална терапија во педијатрија, која преку практична демонстрација им покажуваше на родителите како секојдневните активности и играта можат да станат важен дел од правилното стимулирање на моторниот развој. Групните работилници за развој на бебиња во „Аџибадем Систина“ започнаа да се реализираат во септември 2025 година и уште од самиот почеток наидоа на голем интерес кај новите родители. Нивната цел е преку практична едукација и стручно водство родителите да добијат сигурност и корисни насоки за секоја нова фаза од развојот на своето дете.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.