Од 16 септември започнува нов циклус бесплатни предавања за трудници и идни родители во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Предавањата ќе се одржуваат секоја среда во 18 часот, а во рамките на циклусот се предвидени девет едукативни средби посветени на најважните теми поврзани со бременоста, породувањето, грижата за новороденчето и првите чекори во родителството.
Целта на предавањата е идните родители на едно место да добијат стручни, практични и проверени информации, да постават прашања, да ги разрешат своите дилеми и директно да се советуваат со медицински професионалци од различни области.
Програмата ги опфаќа темите што најчесто ги интересираат идните родители, од пренаталните испитувања и здравите навики во бременоста, преку подготовката за породување, па сè до негата, исхраната и правилниот развој на новороденчето.
Новина во овој циклус е дополнителниот фокус на правилниот развој на бебето. Во делот посветен на негата на новороденчето ќе бидат вклучени и практични совети и вежби што ќе им помогнат на родителите правилно да го поддржат моторниот развој на бебето уште од најраната возраст.
Бесплатните предавања за трудници во „Аџибадем Систина“ имаат долга традиција и се реализираат уште од март 2015 година. Нивниот концепт се темели на едукација, советување и размена на искуства, со цел секоја трудница да влезе во периодот на породување и родителство подобро информирана, подготвена и посигурна.
Предавањата се бесплатни и отворени за сите заинтересирани, а секое предавање претставува засебна тематска целина, што значи дека можете да се вклучите во кој било момент во текот на циклусот.
За секоја трудница што ќе присуствува следува и подарок од пријателите на Acibadem Sistina Baby. Ги очекуваме вашите пријави и ве покануваме, заедно со нашиот стручен тим, да се подготвите за еден од најважните периоди во животот. Пријавување и повеќе информации: 02/3099 500 или на callcenter@acibademsistina.mk
Во продолжение погледнете ја целосната програма.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.