Аџибадем Систина

НОВО: ТЕРАПИЈА СО ВИСОКОИНТЕНЗИВЕН ЛАСЕР (HILT)

06.08.2026

СОВРЕМЕН ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА БОЛКАТА И РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА

 Болката, ограничената подвижност и бавното закрепнување можат значително да ги нарушат секојдневното функционирање и квалитетот на животот. Современата HILT-терапија со 30W високоинтензивен ласер и скенирачки апликатор во Одделот за физикална медицина и рехабилитација претставува врвна технологија во физикалната медицина и рехабилитацијата.Благодарение на високата моќност и интелигентното скенирање, ласерската енергија продира длабоко во ткивата, овозможувајќи прецизен, безболен и ефикасен третман со максимална удобност за пациентот.

Според д-р Аница Хаџи-Петрушева-Јанкијевиќ, специјалист по физикална медицина и рехабилитација, овој вид терапија има широко поле на примена кај акутни и хронични болки, спортски повреди, воспаленија на тетиви и лигаменти, артроза, болки во грбот, вратот и рамото, плантарен фасциит, епикондилитис, како и во постоперативна и посттрауматска рехабилитација. Исто така, претставува одличен избор за сите што сакаат побрзо закрепнување и враќање на секојдневните активности.
 
ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ НА ТРЕТМАНИ СО HILT

Во нашиот Центар за физикална терапија и рехабилитација, HILT-терапијата се применува самостојно или во комбинација со други физикални методи, со цел намалување на болката, подобрување на подвижноста и побрзо функционално закрепнување. Промотивната цена на еден третман се движи од 1.500 до 2.800 денари, а конечниот избор на терапијата, времетраењето и бројот на третмани се определуваат индивидуално, по претходно извршен преглед и процена од физијатар, во зависност од дијагнозата, здравствената состојба, површината што се третира и потребите на пациентот. Една сесија најчесто трае од 20 до 60 минути, третманот вообичаено е безболен, а терапевтскиот пристап се приспособува на секој пациент со цел да се постигне најдобар и подолготраен резултат.

ПРИДОБИВКИ ОД HILT-ТЕРАПИЈАТА
 
Терапијата овозможува брзо намалување на болката уште по првите третмани, без употреба на лекови или инвазивни процедури. Ласерската енергија ги стимулира природните процеси на регенерација, го намалува воспалението и придонесува за побрзо заздравување на оштетените ткива. Се подобруваат локалната циркулација и снабдувањето на клетките со кислород, што дополнително го забрзува закрепнувањето.
 
„Скенирачката глава овозможува рамномерна апликација на енергијата на целата третирана регија, со што третманот е попрецизен, побезбеден и покомфорен. Благодарение на длабокото продирање на ласерот, можат успешно да се третираат и структури што се недостапни за многу други физикални процедури”, објаснува д-р Хаџи-Петрушева-Јанкијевиќ.

ХИЛТ-терапијата е безболна, неинвазивна и не бара период на закрепнување, овозможувајќи им на пациентите веднаш да се вратат на своите секојдневни активности. Таа претставува современо решение за побрзо закрепнување, подобра подвижност и поквалитетен живот. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.