Аџибадем Систина

ГРУПНА РАБОТИЛНИЦА ЗА БЕБИЊА - САМОСТОЈНО СЕДЕЊЕ

09.07.2026

Дали вашето бебе има помеѓу 5 и 10 месеци или е постаро, но сè уште не седи самостојно? Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на 28 јули ќе се одржи групна работилница за бебиња на која ќе научите како правилно и безбедно да го поддржите моторниот развој на вашето бебе и да го поттикнете самостојното седење.

Преку нежни вежби, игра и практични насоки, ќе дознаете:

  •  кои вежби безбедно го поттикнуваат седењето
  •  како преку игра да се развиваат силата, стабилноста и рамнотежата
  •  како да препознаете кога бебето е подготвено за самостојно седење
  •  како да го поддржите моторниот развој на бебето во домашни услови.

Работилницата е наменета за бебиња на возраст од 5 до 10 месеци, како и постари бебиња кои сè уште не седат самостојно. За сите пријавени учесници е обезбеден подарок од нашите Acibadem Sistina Baby-пријатели. Бројот на места е ограничен. Резервирајте го вашето место навреме и научете како низ игра, правилно позиционирање и соодветна поддршка да му помогнете на вашето бебе сигурно да напредува кон самостојно седење.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.