Во просториите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа уште една едукативна работилница за родители и бебиња, на тема: „Позиција на стомаче и вртење - први чекори кон моторна независност“. Дијана Мариновска, магистер по физикална терапија во педијатрија, со присутните сподели практични совети за тоа зошто позицијата на стомаче е важна основа за понатамошниот моторен развој на бебето. Таа објасни и зошто оваа положба понекогаш претставува предизвик за родителите, како постепено да се воведе во секојдневјето и како бебето да се чувствува сигурно и удобно додека е на меше.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.