Аџибадем Систина

ДОЦ. Д-Р МИЛЕНКО КОСТОВ УЧЕСНИК НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАН НЕВРОХИРУРШКИ КУРС ВО АВСТРИЈА

25.06.2026

Неврохирургот доц. д-р Миленко Костов учествува на курсот “Cadaveric White Matter Dissection & Tractography“, кој од 23 до 26 јуни се одржува на Медицинскиот универзитет и Клиниката за неврохирургија во Грац, Австрија. 
 
Курсот е посветен на деталната анатомија на белата маса во мозокот и на современите методи за нејзина визуализација преку трактографија. Преку микроскопска дисекција на хумани кадаверични примероци, анализа на реални клинички случаи и практична работа со софтвер за трактографија, учесниците на овој курс ги продлабочуваат своите знаења за мозочните нервни патишта и нивната важност при планирање на сложени неврохируршки интервенции. Курсот вклучува и стручни предавања од реномирани експерти и можност за размена на искуства од светските неврохируршки центри.
 
Стекнатите знаења од овој курс имаат особено значење за попрецизно предоперативно планирање, подобра ориентација при интраоперативна навигација и максимално зачувување на важните мозочни функции при интервенции кај пациенти со тумори, епилепсија и други неврохируршки состојби.

Континуираната едукација и следењето на современите неврохируршки пристапи се дел од нашата мисија на нашите пациенти да им го овозможиме најдобриот и најсигурен третман, преку безбедна и прецизна неврохирургија, дури и кај најкомплексните слуачи. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.