Аџибадем Систина

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ НА Д-Р ИРЕНА ШУПЛИНОВСКА ЗА ХПВ ВАКЦИНАЦИЈАТА

18.05.2026

Во просториите на Телеком се одржа едукативно предавање за вработените на тема „Женско здравје и ХПВ вакцинација-чекор кон сигурна иднина“, кое го одржа д-р Ирена Шуплиновска, специјалист по гинекологија и акушерство, супспецијалист по гинеколошка хируршка онкологија.
 
Во своето излагање, д-р Шуплиновска ја истакна важноста на ХПВ вакцинацијата како прва вакцина наменета за превенција на карцином. Таа посочи дека навремената превенција и редовните гинеколошки прегледи имаат клучна улога во зачувувањето на женското здравје.
 
Презентирани беа и значајни статистички податоци, според кои пред воведувањето на ПАП тестот, смртноста од карцином на грлото на матката изнесувала од 20 до 40 жени на 100.000 жители годишно, додека по воведувањето на ПАП тестот, смртноста се намалила за 60 до 80 проценти.
 
Предавањето предизвика голем интерес кај присутните, по што се отвори плодна дискусија и размена на мислења за важноста на превенцијата, едукацијата и ХПВ вакцинацијата. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.