Нашите специјалисти по гинекологија и акушерство, д-р Бобан Сарџовски и д-р Јосиф Ѓорески, успешно ја завршија тренинг- програмата за примена на роботска технологија во гинеколошката хирургија. Обуката се одржа во TOUMAI®️ Центарот за обука по роботска хирургија, развиен во соработка со MicroPort во рамки на Универзитетот Аџибадем, Истанбул, Турција.
Роботската хирургија претставува една од најсовремените технологии во медицината и значаен напредок во изведувањето на гинеколошките интервенции. Оваа технологија се применува при третман на различни состојби, вклучително миоми, ендометриоза, комплетен третман на малигна патологија и други комплексни заболувања. Благодарение на високата прецизност на роботските инструменти и напредната 3D визуелизација, хирурзите можат да изведуваат процедури со поголема сигурност, контрола и точност.
За пациентите, роботската хирургија овозможува помала болка, помал ризик од компликации, минимални резови, пократок престој во болница и значително побрзо закрепнување.
Континуираната едукација и професионалното усовршување на медицинскиот кадар се дел од заложбата на „Аџибадем Систина“ за примена на најновите светски медицински достигнувања и обезбедување врвна здравствена грижа за пациентите. Со воведувањето на роботската технологија, болницата ќе овозможи пристап до најсовремени медицински третмани, кои досега беа достапни само во најразвиените медицински центри во светот.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.