Аџибадем Систина

РЕАЛИЗИРАНИ НАД 200 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ

09.05.2026

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и оваа година, единаесетти пат по ред, успешно ја реализираше традиционалната акција за бесплатни дерматолошки прегледи по повод месец мај – месец посветен на подигање на свеста за рано откривање и превенција на рак на кожата, меланом.
 
Во рамки на акцијата, 200 пациенти добија можност за бесплатен специјалистички преглед со најсовремена техника за дигитална дермоскопија Mole Max HD, која овозможува прецизна анализа и следење на кожните промени.
 
Прегледите ги изведуваше искусниот тим дерматовенеролози: проф. д-р Андреј Петров, д-р Весна Пљакоска и проф. д-р Весна Бришкоска, кои преку својата стручност и посветеност уште еднаш ја потенцираа важноста на превентивните прегледи и навременото откривање на меланомот.
 
Меланомот е еден од најагресивните видови рак на кожа, но доколку се открие навреме, шансите за успешно лекување се значително поголеми. Токму затоа, редовните дерматолошки контроли и самопрегледите на кожата се клучни за зачувување на здравјето.

Со оваа акција, „Аџибадем Систина“ продолжува активно да придонесува за подигање на здравствената свест кај населението и промовирање на превенцијата како најважен чекор во грижата за сопственото здравје. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.