Аџибадем Систина

ПРИМ. Д-Р ЕМИЛИЈА МАНАСИЕВСКИ, НОВ ЧЛЕН НА ТИМОТ ПЕДИЈАТРИ

07.05.2026

Мај е светски месец посветен на подигање на свесноста за астмата и алергиските заболувања и во таа насока денес сакаме да ви претставиме нов член на тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Примариус д-р Емилија Манасиевски е педијатар со долгогодишно искуство во дијагностика и лекување на деца со астма и други алергиски заболувања.
 
Како лекар кој со години работи со деца со астма, прим. д-р Манасиевски нагласува дека кај голем број деца астмата сè уште е субдијагностицирана, најчесто поради стравот и стигмата што дијагнозата „астма“ сè уште ја носи кај родителите.
Иако дијагнозата на АСТМА сè уште е стигма која предизвикува голема загриженост и страв кај родителите, треба да се нагласи дека таа претставува едно од најуспешно контролираните хронични заболувања кај децата, благодарение на современиот пристап и антиинфламаторната инхалаторна терапија, кои со правилно и редовно спроведување во најголем дел од случаите водат кон добар исход и добра контрола на болеста, како и можна ремисија кај дел од децата. 
 
Клиничката болница „Аџибадем Систина“, благодарение на својот едуциран кадар и современите дијагностички методи, овозможува рано откривање, прецизна дијагноза и соодветен третман на астмата кај децата.
Во таа насока, болница го поддржува одржувањето на „Отворен ден за родители и деца“ по повод Светскиот ден на астмата, кој ќе се одржи на 9 мај во паркот „Авионче“ во населба Аеродром.

Настанот е организиран од Здружението на лекари и пациенти за алергиски заболувања – АЛЕРГИКО, чиј претседател е прим. д-р Манасиевски.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.