Во периодот од 24 до 26 април 2026 година, во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, се одржа 4. Интернационален конгрес во организација на Педијатриското респираторно здружение (ПЕДИАРЕС). На конгресот учествуваа повеќе од 300 учесници од целиот свет, при што беа споделени искуства и стручни ставови за дијагностика и лекување на бројни респираторни заболувања кај децата.
Од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со свои предавања учествуваа:
Програмата опфати значајни теми, меѓу кои: цистична фиброза, ретки болести, имунодефициенции, инфекции на долните респираторни патишта, атопии и алергии, туберкулоза, како и интензивно лекување. Ваквите стручни собири претставуваат значаен придонес за унапредување на квалитетот на медицинската практика, овозможувајќи размена на знаења, искуства и современи пристапи во третманот на пациентите.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.