Аџибадем Систина

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ И „Д-Р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ“ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАКТИЧНАТА ЕДУКАЦИЈА

28.04.2026

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Средното медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов“ потпишаа меморандум за соработка со кој се поставува основа за унапредување на образовната, практичната и техничката соработка меѓу двете институции.

Со овој меморандум, договорните страни воспоставуваат заедничка рамка на делување насочена кон поддршка на учениците во стекнување практични знаења и вештини, како и нивно директно запознавање со реалните клинички процеси. Во таа насока, предвидено е организирање набљудувачки (visiting) посети во рамки на здравствената установа, што ќе им овозможи на учениците подобро да ја разберат професијата и работната средина.

Меморандумот за соработка беше потпишан од в.д. директорот на училиштето, Ивица Весов, и м-р д-р Севим Шуекинџи, главен извршен директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Двете институции изразија заедничка заложба за континуирана соработка, која ќе придонесе кон создавање квалитетни и стручно подготвени кадри во здравствениот сектор преку поврзување на теоретското образование со практичната работа. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.