ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ УСПЕШНО ИЗВЕДЕНА ПРВАТА МОЗОЧНА БИОПСИЈА СО ПРИМЕНА НА СИСТЕМ ЗА НЕВРОНАВИГАЦИЈА

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ УСПЕШНО ИЗВЕДЕНА ПРВАТА МОЗОЧНА БИОПСИЈА СО ПРИМЕНА НА СИСТЕМ ЗА НЕВРОНАВИГАЦИЈА

23.04.2026

Неврохируршкиот тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ првпат изведе мозочна фрејмлес-биопсија со примена на најсовремен Vertek-систем за невронавигација. Станува збор за еден од најпрецизните пристапи на биопсија, која се изведува преку минимален отвор и без поставување на класична метална рамка фиксирана на главата. 
 „Современата фрејмлес-биопсија на мозок обезбедува висока прецизност, благодарение на примената на системот за невронавигација, кој ни овозможува точно да ја достигнеме лезијата дури и кога таа се наоѓа длабоко во мозокот или во близина на критични мозочни структури. Преку минимален отвор на главата, инструментот внимателно се насочува кон промената, избегнувајќи витални структури и крвни садови, а целата процедура во просек трае пократко, во споредба со класичните методи за биопсија“, вели доц. д-р Миленко Костов, неврохирург.

Со овој тип биопсија се овозможува навремена и точна дијагностика, која е клучен чекор во планирањето на понатамошниот третман. Благодарение на високата прецизност, ризикот од компликации е значително намален, што ја прави процедурата поефикасна и побезбедна од класичните методи. Дополнително, пациентите се враќаат побргу на секојдневните активности, бидејќи малата инвазивност овозможува пократок болнички престој и побрзо закрепнување. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.