Аџибадем Систина

ОДРЖАНА ПРВАТА ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА - "YOUNG CHAMPIONS“

15.04.2026

Во насока на унапредување на менталното здравје и личниот развој кај младите спортисти, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја одржа првата едукативна работилница од програмата „Young Champions – ментална тренинг-програма“. Настанот кој беше исполнет со позитивна енергија го водеше д-р Камелија Симеонова, специјалист по детска и адолесцентна психијатрија, со стручно учество и поддршка од психологот м-р Ајше Ислам.

Програмата се реализира во соработка со младинската фудбалска школа „New Stars“ од Ѓорче Петров и има за цел да придонесе кон правилен психолошки развој на младите спортисти, особено оние кои се на самиот почеток од својата спортска кариера.

Преку интерактивен пристап и практични примери, учесниците имаа можност да стекнат нови знаења и вештини поврзани со менталната подготовка, градењето самодоверба и ефикасното справување со предизвиците како составен дел од спортскиот и личниот развој.

Со ваквите иницијативи, „Аџибадем Систина“ продолжува активно да вложува во создавање здрави, самоуверени и психолошки стабилни млади генерации, подготвени за идни успеси и надминување на сите предизвици. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.