Аџибадем Систина

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ МЕДИЦИНСКИ КОНГРЕС ICRC 2026 ВО СКОПЈЕ

09.04.2026

Доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ учествуваа на престижниот Интернационален конгрес на извештаи за случаи (International Case Report Congress  - ICRC) 2026, кој се одржа од 3 до 5 април во "Холидеј ин" Skopje. Овој меѓународен конгрес претставува значајна платформа посветена на реални клинички случаи, кои придонесуваат  за унапредување на медицинската практика. На настанот учествуваа: лекари, специјализанти, хирурзи, интернисти, радиолози и студенти од повеќе земји, споделувајќи искуства за комплексни дијагнози, ретки случаи и предизвици во третманот. Програмата опфати усни и постер-презентации, експертски предавања, дебати и интерактивни дискусии. Меѓу учесниците од нашата болница претставници што презентираа стручни трудови беа:
 
"Хируршко водење на изолирана лева атријална метастаза од белодробен аденокарцином"
"Хируршка замена на аортна валвула по инфективен ендокардитис од ТАВИ-валвула
"TЕВАР со ин-ситу  фенестрација за заштита на левата супклавијална артерија"
"Избор на вистинското средство за работа".
 
Со своето учество, лекарите од „Аџибадем Систина“ дадоа значаен придонес во размената на знаења и искуства со меѓународната медицинска заедница, потврдувајќи ги својата експертиза и посветеност кон современите медицински практики.

 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.