Аџибадем Систина

"YOUNG CHAMPIONS“ – ПРОГРАМА ЗА МЕНТАЛЕН РАЗВОЈ НА МЛАДИТЕ СПОРТИСТИ

07.04.2026

Во насока на континуирана поддршка на младите генерации и поттикнување на нивниот целосен развој, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ под водство на д-р Камелија Симеонова, започнува со реализација на едукативната програма „Young Champions – ментална тренинг-програма“. Оваа програма се спроведува во соработка со младинската фудбалска школа New Stars од Ѓорче Петров и има за цел да придонесе за правилен психолошки развој на младите спортисти, кои се на почетокот од својата спортска кариера.
Едукативните сесии ќе се реализираат во просториите на болницата „Аџибадем Систина“, каде што децата ќе имаат можност да учат преку интерактивни пристапи, практични примери и приспособени активности според нивната возраст. Дел од сесиите ќе ги води и м-р Ајше Исљам, психолог, која со својата стручност ќе придонесе за поддршка на психолошкиот развој и благосостојбата на децата.
Првото предавање ќе се реализира во четврток 9 април во 18:30 часот. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.