Аџибадем Систина

ГИМНАСТИКА ЗА БЕБИЊА

30.03.2026

Поддржи го правилниот развој на твоето бебе – преку игра, движење и забава! Вежбите кај бебињата ја засилуваат мускулатурата, ја тренираат координацијата, ги подобруваат моторните вештини, ја зголемуваат свесноста за телото, го развиваат мозочето, ја зголемуваат свесноста низ просторот, се тренира решавањето на проблеми и се стимулира сензорната интеграција.

Новитет од овој месец во часовите по гимнастика е едукативното предавање од м-р Бољетин Зенуни, дефектолог, кој ќе зборува за грешките што родителите ги прават при користење мобилни уреди и екранизација кај мали деца, како и за првите симптоми кога е потребно да се побара стручно мислење.

Нашите специјализирани часови се дизајнирани да го стимулираат растот, развојот и сензорната интеграција на најмалите – сето тоа во топла, безбедна и пријатна атмосфера.

Новата група започнува на 2 април бројот на места е ограничен. Новитет од овој циклус е Пријавување на 070/888-933

Зошто е добро вежбање во група?

Вежбите во група се добри за социјална интеракција, поврзување, самодоверба но и создавање рутина и емоционална регулација. Воедно, ова е одлична можност за размена на искуства меѓу мајки, решавање на дилеми околу развојот на бебето, како и забавни игри и вежби за раздвижување и стимулација.

Детали за часовите:
  • Клиничка болница „Аџибадем Систина“
  • Секој четврток во 12:00 часот
  • Мали групи до 8 бебињa

 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.