Аџибадем Систина

Д-Р ЧАПОВА СО СТРУЧНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ПОЧЕТНИТЕ ЧЕКОРИ ВО МР НА ДОЈКА НА ГОДИШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА MSBR

24.03.2026

Македонското здружение за радиологија на дојка (MSBR), во соработка со Европското здружение за радиолошко снимање на дојка (EUSOBI), ја организираше годишната научна конференција посветена на унапредување на знаењата и практиките во областа на радиологијата на дојка. Оваа година, во фокусот беше скринингот за карцином на дојка, со акцент на современите дијагностички стратегии, докажаните методи во клиничката пракса и идните насоки за рано откривање на болеста.

Посебно внимание на конференцијата привлече предавањето на д-р на мед. науки Маја Стојчевска-Чапова од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, на тема „Почетни чекори во МР на дојка“. Д-р Чапова, како еден од водечките експерти во оваа област, има значаен придонес во развојот на радиологијата на дојка во нашата земја. Таа воведе современи дијагностички методи, вклучувајќи различни видови биопсии, со посебен акцент на core-биопсијата, маркирање со жици, како и магнетна резонанца на дојка, која денес се применува како стандардна процедура. Нејзиното предавање понуди практичен и јасен увид во основите на МР-дијагностиката, со акцент на нејзината важност во раното откривање и прецизната проценка на карциномот на дојка.

Конференцијата беше збогатена и со учество на истакнати меѓународни експерти, кои споделија искуства и најсовремени пристапи во скринингот и дијагностиката, придонесувајќи за унапредување на стручната пракса и меѓународната соработка. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.