Клиничката болница „Аџибадем Систина“ доби благодарница од градоначалникот на Општина Кочани, како признание за стручноста, професионалноста, отвореноста и брзата реакција на медицинскиот тим, кои значително помогнаа во намалувањето на последиците од трагедијата во дискотеката „Пулс“.
Признанието беше доделено во рамки на настанот посветен на одбележувањето на една година од трагедијата. Претставници од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беа д-р Никола Шиков, специјалист по анестезиологија со реаниматологија, Оливера Михајловска, медицинска сестра на Одделот за пластична и реконструктивна хирургија и Магдалена Митевска, одговорна сестра на Единицата за општа интензивна нега.
Со длабоко сочувство се потсетуваме на трагедијата и изразуваме поддршка и солидарност со семејствата на настраданите и повредените.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.