Аџибадем Систина

СТРУЧНА РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА: ПРОФ. Д-Р МУХАРЕМ ИНАН, ГОСТИН ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

16.03.2026

Проф. д-р Мухарем Инан, познат ортопедски хирург и универзитетски професор од Турција, беше во официјална посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, по покана на проф. д-р Виктор Камнар. За време на посетата беа организирани стручна средба и размена на искуства со ортопедите и трауматолозите од болницата.

Во рамки на посетата, проф. д-р Инан ги претстави своето долгогодишно искуство, начинот на работа и дел од клиничките случаи со кои се има соочено во својата практика. Тој ги сподели и современите пристапи во третманот на ортопедски состојби кај децата, што предизвика голем интерес кај присутните лекари.

Од друга страна, докторите од „Аџибадем Систина“ ги презентираа своите искуства и знаења, дискутирајќи за ортопедските проблеми кај детската популација со кои се соочуваат во секојдневната практика. Во текот на средбата се разговараше и за најновите достигнувања и новитети во областа на детската ортопедија и трауматологија.

Средбата помина во духот на професионална соработка и размена на знаења, со заедничка цел – унапредување на третманот и грижата за пациентите, особено кај најмладата популација.

Проф. д-р Мухарем Инан има долгогодишно искуство во лекување на заболувања и деформитети на коските и зглобовите, специјализирал во областа на ортопедија и трауматологија, особено детска ортопедија. Со својата работа и научни истражувања значително придонесува во развојот на современата ортопедска медицина. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.