Д-р Милев е експерт во дијагностика и третман на кардиоваскуларни заболувања кај деца и возрасни, со посебен фокус на најмладите пациенти. Како интервентен кардиолог, тој стои зад првите успешно изведени катетеризации кај новороденчиња со вродени срцеви маани, како и зад имплантација на протези за корекција на срцеви дефекти кај деца. Со повеќе од 1.200 реализирани интервенции на вродени срцеви аномалии кај деца и возрасни, д-р Милев има значаен придонес во развојот на современата кардиолошка пракса.
Во текот на својата богата професионална кариера, д-р Милев има учествувано на бројни меѓународни конгреси, стручни обуки и едукативни курсеви, постојано надградувајќи ги своите знаења и вештини според највисоките светски стандарди.
Својот преглед можете да го закажете на телефонскиот број 02 3099 500.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.