Аџибадем Систина

ОДРЖАНА И ТРЕТАТА ПСИХО-ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА НАСТАВНИЦИ И СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ ОД ОПШТИНА КАРПОШ

05.03.2026

Со одржувањето на третата психо-едукативна работилница вчера, успешно се заокружи едукативниот циклус на предавања посветени на предизвиците во работата со деца и адолесценти.

Работилницата ја водеа доктор Камелија Симеонова, специјалист по детска и адолесцентна психијатрија, м-р доктор Верица Малинкова-Димовска, специјалист по психијатрија и м-р Бољетин Зенуни, дефектолог. Тие имаа можност директно да ги слушнат искуствата и предизвиците со кои се соочуваат наставниците од четири основни училишта, при што се разви исклучително конструктивна и динамична дискусија.

Наставниците добија стручни насоки и практични совети за справување со секојдневните ситуации во работата со тинејџерите, а беше потенцирана и важноста од континуирана соработка со стручни лица и навремена поддршка од здравствени установи.

И овој пат, присутните добија примерок од прирачникот на доктор Камелија Симеонова, кој нуди конкретни алатки и стратегии за успешно надминување на предизвиците во адолесцентниот период.

Благодарение на поддршката од Општина Карпош, оваа иницијатива отвори значаен простор за дијалог, размена на искуства и продлабочување на соработката меѓу наставниците и стручните лица, поставувајќи темели за континуирана и координирана поддршка на младите. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.