На 13 февруари во Скопје се одржа стручен состанок на тема „Враќање во иднината“, организиран во соработка со Здружението на физијатри. Настанот беше посветен на современи пристапи во третманот и рехабилитацијата на пациенти со остеопорозни фрактури, спортско-рекреативни повреди, како и на модерните методи за третман на остеоартритис.
На овој настан од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ учествуваше д-р Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија кој одржа и свое предавање на тема: „Оптимизирање на процесот на лекување кај спортско-рекреативни фрактури со цел враќање кон спортот“.
Овој настан претставува одлична можност за размена на искуства помеѓу колегите, подобрување на медицинската грижа и можност за унапредување на медицинските стандарди.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.