Аџибадем Систина

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА УЛТРАЗВУЧНА ДИЈАГНОСТИКА ВО ГИНЕКОЛОГИЈА – VOLUSON™ EXPERT 22

06.02.2026

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ набави еден од најнапредните ултразвучни (ехо) апарати од GE HealthCare, Voluson™ Expert 22, наменет за врвна дијагностика во областа на гинекологијата и акушерството. Овој современ ултразвучен систем овозможува: исклучително јасна 2D, 3D и 4D визуализација, напредни AI-алатки за автоматски мерења и анализа, прецизна проценка на феталната анатомија и срцевата функција, побрзи и посигурни резултати, дури и кај најкомплексни клинички случаи.

„Со Voluson™ Expert 22, дијагностиката е подетална, прегледите се поефикасни, а грижата за пациентките – уште посигурна и персонализирана. Меѓу главните предности на овој апарат се: прецизната визуализација на феталниот циркулаторен систем, одличната детекција на мали и сложени анатомски структури, подобрената точност и значителното намалување на времето потребно за мерења, како и можноста за ран скрининг. Сето тоа придонесува за поголема точност и брзина во дијагностицирањето, особено во областа на женското здравје и пренаталната грижа“, изјави д-р Гордана Петровска, шеф на Одделот за гинекологија и акушерство.

Со континуирано инвестирање во најсовремена медицинска технологија, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува посветена на највисоките стандарди во современата медицина и унапредувањето на грижата за женското здравје. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.