Аџибадем Систина

БРЗА И ПРЕЦИЗНА ДИЈАГНОСТИКА НА РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ СО PCR- РЕСПИРАТОРЕН ПАНЕЛ

23.01.2026

Во сезоната на зголемени респираторни инфекции, брзото и точно утврдување на причинителот е клучно за соодветен третман. PCR- респираторниот панел овозможува истовремена детекција на 21 вирус и бактерија, меѓу кои: инфлуенца, SARS-CoV-2, RSV, аденовируси, како и атипични бактерии. Анализата се изработува за 2 до 4 часа, со висока чувствителност и сигурност, што овозможува навремена и прецизна медицинска одлука. Тестот е наменет за пациенти со симптоми како: кашлица, температура, течење  на нос, болки во грлото или отежнато дишење. Со PCR-респираторниот панел, пациентите добиваат јасен одговор – бргу, сигурно и ефикасно. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.