МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА (MRI 3 TESLA)

МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА (MRI 3 TESLA)

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во земјава е достапен во „Аџибадем Систина“.

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во земјава е достапен во „Аџибадем Систина“. Со MRI 3 tesla времето на снимање е скратено за 30%, во споредба со MRI 1.5 Tesla. Во исто време двојно поголемата сила на магнетно поле овозможува прецизен приказ на внатрешните структури и органи, како и детекција на промени кои се невидливи со MRI 1.5 Tesla. Зголемениот комфор на пациентот за време на снимањето е овозможен со поширок цилиндар за 70 см. Комфорот е надополнет и со поширока маса за снимање која поднесува поголема тежина до 250 килограми. На овој моќен апарат може да се направи и скрининг на целото тело за помалку од 1 час, без зрачење и без контрастно средство.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.