Системот „StealthStation S8“ на американската корпорација „Медтроник“, една од водечките пет компании во светот за медицинска технологија, претставува еден од најнапредните модели за невронавигација.
Системот „StealthStation S8“ е премиум конфигурација, опремена со две мобилни, целосно компатибилни станици и интелигентен интуитивен оперативен систем кој овозможува 2Д и 3Д визуализација. Со неговата интеграција во хируршките сали, неврохируршкиот тим добива можност да ја следи позицијата на инструментите во реално време, да ја визуализира анатомијата на мозокот или ’рбетниот столб во сите димензии и да изведе хируршка интервенција со максимална прецизност и минимален ризик за виталните структури.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.