Аџибадем Систина

Q-SWITCH ND:YAG ЛАСЕР

Q-SWITCH ND:YAG ЛАСЕР

 Q-Switch ласерот стимулира создавање колаген, што доведува до подмладување на кожата, стеснување на порите, намалување на брчките и лузните од акни. Исто така, го подобрува тонусот на кожата и значително го подобрува нејзиниот сјај.

 Q-Switch Nd:Yag ласерот нуди трајно и ефикасно решение за отстранување на несакани пигментации, мелазма, старечки дамки, како и за отстранување на тетоважи. Дополнително, со овој ласер се изведуваат третмани што ги стимулираат регенерирањето и подмладувањето на кожата, приспособени за сите типови кожа. Д-р Весна Пљакоска, специјалист по дерматовенерологија, објаснува дека оваа напредна технологија испорачува прецизна и интензивна светлосна енергија директно на целните области, овозможувајќи извонредни резултати со минимален ризик и безбедност за пациентите.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.