Неонатологија

Неонатологија

Стручниот тим неонатолози спроведува редовни контролни прегледи за следење на растот и развојот на новороденчиња и доенчиња до една година, како и консултативни прегледи. Покрај прегледот, неонатолозите даваат стручни совети за нега и грижа на новороденчето, ги едуцираат мајките за доењето, бебињата кои се родени во „Аџибадем Систина“ ги посетува патронажна сестра, а имаат и 10% доживотен попуст. 

Едукација за доење и нега на новороденче
На мајките им се укажуваат предностите на мајчиното млеко и добиваат помош при совладување на техниките за доење. Покрај тоа, се едуцираат и за нега на новороденчето во домашни услови. Ваквиот пристап ја зголемува самодовербата на мајката и ѝ дава чувство на сигурност дека го прави најдоброто за бебето. Секоја родилка во „Аџибадем Систина“ добива брошура „Нега на мајката и на новороденчето по породување“ во која детално се опишани основните принципи на нега.

Посета на патронажна сестра

Неонаталниот период од развојот на бебето претставува најважен период за здравјето на вашето новороденче, а редовните здравствени контроли и грижа за него се од голема важност за неговиот понатамошен живот. Целта на програмата за посета на патронажни сестри на новороденчето е да им помогнат на мајката и бебето во домашни услови, но и да ги направат потребните контроли во текот на овој период.
Твој неонатолог
Бебињата родени во „Аџибадем Систина“ имаат свој неонатолог од самото раѓање. Тој е целосно посветен за нивниот раст и развој во првите денови од животот. „Твој неонатолог“ е концепт што влева сигурност и безбедност за мајките бидејќи знаат дека има некој кој постојано е тука за нивното бебе.

Доктори во одделот

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.