Дерматологија

Дерматологија

Оддел дерматовенерологија е опремен со најмодерна современа медицинска технологија и е место каде пациентите можат да добијат интегриран пристап во дијагнозата и третманот на сите проблеми со кожата. 
Дерматоскопија и мапирање на бенки

Дерматоскопија е површински кожен микроскоп кој се користи во преглед на бенките. Со него се одредува дали пигментираните лезии (бенки) се бенигни или постои сомнение дека се малигни. Оваа информација е потребна непосредно пред операција за отстранување на кожните лезии.

Кожни алерго тестови

Кожни patch тестови се користат со цел да се одреди дали пациентот има алергиска реакција (контактен дерматитис) на одредена супстанца при контакт со  кожа. Нудиме и scratch и интрадермални алерголошки тестови за детекција на алергија на лекови и анестетици; но исто така тестираме и пациенти за алергија на инсекти.

Дерматолошки методи и процедури

Стручниот медицински тим на „Аџибадем Систина“ со употребата на современи медицински технологии за дијагноза и третман, успешно се лекуваат сите кожни проблеми. Тука спаѓаат: криохирургија со користење на течен азот, електро-термо-коагулација за кожни лезии и радио-фреквентна хирургија (RF). Дел од широката палета на услуги се и кожните биопсии (punch и екцизиона) кои се од големо значење за поставување на точна дијагноза кај сомнителните лезии на кожа.

Ехо-доплер на периферни крвни садови

 Дијагностички неинвазивен ултразвучен преглед, кој се користи за евалуација на крвните садови во периферија, односно на горните и долните екстремитети. Ова е метода што лесно се изведува и претставува златен стандард за да се процени функцијата на венските валвули нa долните екстремитети, состојба на проширени вени, како и проценка на постоење на тромботични состојби, проценка на напреднати атеросклеротски промени со затнување на крвните садови.

Лекување на кондиломи

Лекување на кодиломи, подразбира отстранување на кодиломи, кои се обавува со голем успех, но не постои лек кој ќе го отстрани засекогаш HPV вирусот од организмот. Во поголем број на случаите, организмот за одреден временски период ќе се ослободи од вирусот, односно имунитетот ќе се избори со негово присуство. Постојат повеќе методи:

  • остстранување со радиобранови (радиохирургија)
  • криотерапија (смрзнување со течен азот)
  • електрокаутеризација (електрокоагулација)
  • течни креми на база на podofilin или imikvimod
  • хируршко отстранување
  • ласерско отстранување (eCO2 фракционен ласер)
 
Третман на хронични рани

Секоја рана што не покажува склоност кон санација по 6 недели се нарекува хронична рана. Постојат многу фактори што влијаат врз заздравувањето на раните, од кои најчести се:

  • возраст, нутритивен и имунолошки статус
  • придружни болести – главно дијабетес мелитус, хронична венска и артериска инсуфициенција
  • третман со лекови, кортикостероиди, цитостатици, психосоцијален статус
  • фактори на ризик – пушење тутун, прекумерна тежина.

Во нашиот центар ги третираме најчестите типови хронични рани: aртериски и венски улцерации, улцерации во рамки на дијабетично стапало, улцери од васкулитично потекло.  Нашиот центар нуди современ третман, кој вклучува: дебридман (чистење на некротичното ткиво), третман на коегзистирачката инфекција и инфламација, промовирање на создавање гранулациско ткиво и епителизација. 

Доктори во одделот

Специјалист по дерматовенерологија

Специјалист по дерматовенерологија

Специјалист по дерматовенерологија

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.