Одделот за молекуларна дијагностика при Дијагностички лаборатории во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ поддржува изработка на широк спектар на молекуларни анализи со примена на PCR-метода (real-time PCR) базирани врз детекција на нуклеински киселини (ДНК и РНК), како и изведба на молекуларни анализи спроведени преку патентиран и докажан златен стандард – CEPHEID GeneXpert Dx, систем што автоматизира и интегрира подготовка на примерокот, амплификација на нуклеинските киселини и откривање на целната секвенца во примерокот или комплексот на примероци, користејќи real-time полимераза верижна реакција (PCR).
Одделот за молекуларна дијагностика за нашите пациенти и нивното здравје овозможува најбрзо и најточно анализирање, докажување или верифицирање на присуство или отсуство на одредени причинители за болест (сексуално преносливи болести, бактериски или вирусни инфекции) спроведени според стандардизирана и универзално прифатена PCR-метода.
Молекуларен Биолог
Молекуларен биолог, Менаџер за бизнис и развој на Дијагностички лаборатории
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.