Лабораторијата за генетика нуди целосен пристап до најсовремени генетски скрининг и дијагностички анализи.
Двоен /троен скрининг-тест – моќен алгоритам кој ги употребува податоците од повеќе здравствени извори и дава детален резултат со што му се овозможува на докторот пристап до информации потребни за проценка на бременоста.
НИПТ – Неинванзивно пренатално тестирање – метода која одредува дали постои ризик за присуство на одредени генетски абнормалности кај фетусот. Со овој тест се испитуваат мали фрагменти на вонклеточна ДНК (cfDNA) кои циркулираат во крвта на мајката.
Панорама Натера – НИПТ кој овозможува точно утврдување на потеклото на cfDNA преку користење на еднонуклеотидни полиморфизми(SNPs). Со оваа метода попрецизно се одредува ризикот за анеуплоидии, особено при бремености со близнаци, како и триплоидија.
Пренатални инванзивни процедури – во текот на бременоста може да се појави потреба да се изведат овие процедури со цел да се земе материјал за дијагностички генетски испитувања на фетусот( хорион биопсија, плацентоцентеза, амниоцентеза, кордоцентеза)
Генетичар
Генетичар
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.