Во рамки на одделот Дијагностички лаборатории функционира и Имунохематолошка (трансфузиолошка) лабораторија, каде што се изведуваат анализи од областа на трансфузиолошката медицина, потребни за болничките и амбулантските пациенти.
Во имунохематолошката (трансфузиолошка) лабораторија за амбулантски пациенти се достапни и се изработуваат следниве анализи:
За пациентите што се лекуваат во болницата и имаат потреба од заместителна терапија со крвни компоненти, се обезбедуваат неопходни количини еритроцити, свежо смрзната плазма, тромбоцити и криопреципитат. Анализите за компатибилност (интерреакција) на крвта од дарителот и крвта на пациентот се изработуваат задолжително за секој пациент кој треба да прими трансфузија. Во лабораторијата се подготвува автологна плазма богата со тромбоцити за пациенти кај кои е индицирано од ортопед, трауматолог или дерматолог. Препаратот се користи за побрзо зараснување на повредени ткива или естетска корекција. Исто така се подготвува и автологен серум за офталмолошките третмани.
Во болницата ординира доктор специјалист трансфузиолог, чија стручност од областа обезбедува прегледи и консултации за амбулантските пациенти со промени на крвните садови на екстремитетите, пациенти со крвавења или тромбоза, како и за одредување на точна доза на антикоагулантна терапија, по шема. Според медицинските потреби за лекувањето на болничките пациенти, на одделите во болницата се вршат конзилијарни консултации од областа на клиничката трансфузиологија, евалуација на состојбата на хемостазата на пациентите, како и советување за понатамошен третман, со што се придонесува во мултидисциплинарниот пристап во лекувањето на пациентите во болницата.
Специјалист по трансфузиологија
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.