Одделот за флеботомија со преаналитика при дијагностичките лаборатории во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има улога и одговорност да ги подготви пациентите за навремено и правилно земање биолошки материјали, нивно безбедно транспортирање во болницата, како и соодветна подготовка на биолошките материјали во преаналитичкиот сектор, сè до добивање квалитетен работен примерок (серум, плазма итн.) потребен за понатамошна обработка и испитување на бараните дијагностички анализи.
Воедно одделението учествува во одржување и зголемување на грижата или безбедност на пациентите (сите возрасти), нивниот комфор како и соодветно пренесување на информации за анализите што се работат во нашите и референтите лаборатории.
Одделението учествува и овозможува достапност на сите дијагностички тестови на лабораториите преку Homelab услугите до домашна адреса на самите пациенти, односно правилно земање на биолошки материјали во домашни услови со правилно транспортирање на земените примероци од биолошки материјали до одделението за флеботомија со преданалитика.
На одделението преданалитика се примаат ситематеријали што пристигаат од надвор од болницата, од одделението за флеботомија,педијатриските и ургентните центри кко и од другите оддели од Клиничката болница “Аџибадем Систина” кои се процесираат на понатамошна преданалитичка изработка и транспортираат до соодветната лабораторија за анализа на побараната аналитика.
Молекуларен биолог, Менаџер за бизнис и развој на Дијагностички лаборатории
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.