Во „Аџибадем Систина“ постои првиот приватен оддел за нуклеарна медицина во земјата, дизајниран и опремен според европските стандарди за заштита и сигурност при работа со отворени извори на јонизирачки зрачења. Одделот се состои од кабинети за: нуклеарна медицина, радионуклидна терапија и дијагноза и терапија на болести на тироидната жлезда.
SPECT гама-камера
Кабинетот за нуклеарна медицина располага со компактна повеќенаменска SPECT камера со два детектори кои овозможуваат изведување широка палета нуклеарно медицински дијагностички иследувања. Сензитивноста на гама-камерата, како и протоколите за пост процесирање даваат дијагностички квалитет на добиените слики по цена на редуцирана доза на радиоактивност кај пациентот. Гама-камерата е интегрирана во системот за комуникација меѓу модалитети и архивирање податоци со што е добиена опција за хибридна SPECT/CT, SPECT/MRI фузија на слики.
Опремена е со дигестор од најнова генерација (Lamin Air) за работа со опасни материи. Во него се вградени доза-калибратор за мерење на радиоактивност, лифт за автоматско манипулирање на генератор на радиоактивни елементи, како и заштитен простор за привремено одлагање на радиоактивен отпад контаминиран при процесот на обележување на фармацевтските препарати. Во посебна работна станица се изведува обележување на крвни елементи со радиофармацевтски препарати.
Располага со еднокреветен апартман за третирање пациенти со радиоактивни изотопи, специјално дизајниран за максимална заштита на пациентот, персоналот и околината. Во него се администрира радиојодна терапија кај пациенти со соодветна индикација, како и палијативна терапија кај метастатска коскена болка.
Нуди квалитетен клинички преглед, ултрасонографско испитување на тироидна и паратироидни жлезди на најсовремен ехографски апарат, лабораториски испитувања на тироидни хормони, сцинтиграфија на тироидна жлезда, пункциона биопсија под контрола на ултразвук.
Сето ова придонесува за брзо поставување дијагноза кај пациенти со заболувања на тироидната жлезда, а со тоа и за навремено почнување со соодветна терапија.
Пункционата биопсија на тироидната жлезда под контрола на ултразвук се изведува во соработка со одделот за хистопатолошка лабораторија и резултатите од испитувањето се добиваат истиот ден.
Специјалист по нуклеарна медицина
Специјалист по нуклеарна медицина
Доктор по општа медицина, специјализант по радиологија
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.