Одделот за ендокринологија обезбедува целосен спектар на услуги за сите ендокринолошки нарушувања. Располага со најсовремена технологија во регионот за дијагноза и третман на ендокринолошки болести. Програмата за дијабетес нуди целосна нега за болните од дијабетес вклучувајќи консултации за специјален режим на исхрана, инсулински пумпи и широка палета на едукативни активности. Одделот за еднокринологија е во постојана соработка со другите оддели во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со цел да им обезбеди брза и точна дијагноза и лекување на пациентите со ендокринолошки нарушувања. Нашите доктори се специјалисти за болести поврзани со коски, тироидни нарушувања, проблеми со хипофизата, надбубрежни нарушувања, како и хормонални нарушувања кај мажи и жени.
МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП
Мултидисциплинарниот тим, составен од специјалист по ендокринологија, медицинска сестра задолжена за едукација на пациентите со дијабетес, нутриционист, како и другите специјалисти кои работат на оваа проблематика обезбедува беспрекорна медицинска грижа за пациентите кои имаат дијабетес или, пак, сакаат дополнително да се едуцираат.
Одделот за еднокринологија е во постојана соработка со другите оддели во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со цел да им обезбеди брза и точна дијагноза и лекување на пациентите со ендокринолошки нарушувања.
Нашите доктори се специјалисти за болести поврзани со коски, тироидни нарушувања, проблеми со хипофизата, надбубрежни нарушувања, како и хормонални нарушувања кај мажи и жени.
Специјалист по ендокринологија
Специјалист по ендокринологија
Специјалист по ендокринологија
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.