Благодарение на најсовремените дијагностички алатки и искуството на тимот во „Аџибадем Систина“ се третираат сите невролошки заболувања. Единствено во земјава, на Одделот за неврологија од 2016 година во голем број интервенции со цел да се намали ризикот од несакани компликации и повреда на нервното ткиво за време на операција се работи интраоперативен мониторинг. Одделот за неврологија е прв во државата кој почна со тромболитичен третман (разбивање тромб) кај пациенти со акутен мозочен удар.
ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН
Од 2016 година невролошкиот тим го предводи интраоперативниот невромониторинг во голем број неврохируршки операции со цел да се намали ризикот од несакани компликации и повреда на нервното ткиво за време на операција.
Мозочниот удар претставува изненаден губиток на функцијата на одреден дел од мозокот поради нарушена циркулација. Ако мозокот е оставен 5 минути без крв, доаѓа до неповратно оштетување и изумирање на мозочните клетки. Тромболиза преставува најсовремена терапија за третман на мозочниот удар. Се аплицира во вена со што тромбот се разбива, а со тоа се спречуваат последиците од мозочниот удар. Ако пациентот дојде 3 до 6 часа од почетокот на ударот со помош на терапијата кој го топи тромбот, овозможува брзо враќање на циркулацијата во затнатиот дел на артеријата. Со тоа се спречува големо и трајно оштетување на мозокот. Со примена на тромболизата инвалидноста кај ваквите пациенти се намалува или се сведува на минимум.
За успешните резултати од нашата работа зборуваат статистичките податоци, но пред сè задоволството на нашите пациенти. Најголем успех на Одделот за неврологија е мултидисциплинарниот пристап кој овозможува брза дијагноза и итен третман на пациентите со мозочни удари, како и дијагноза и третман на сите невролошки болести кај возрасни и деца.
Специјалист по неврологија
Специјалист по неврологија
Специјалист по неврологија
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.