Аџибадем Систина

Детска кардиохирургија

Детска кардиохирургија

Грижата за здраво срце на вашето дете започнува уште во бременоста. Во „Аџибадем Систина“ трудниците имаат можност за фетална ехокардиографија со која се овозможува рана детекција на срцеви аномалии на плодот. Тимот детски кардиолози изведува кардиолошки скрининг на новороденчињата и ехо на срце кај деца. Посебен акцент е ставен и на дијагнозата и третман на ревматолошки болести. 

 

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ функционира Одделот за детска кардиохирургија, составен од искусен тим од професори, доктори и сестри кои се обучени во областа на детската кардиохирургија. Во тимот е доц. д-р Владимир Чадиковски, кој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава, но и уште неколкумина доктори кардиохирурзи, кардиолози, анестезиолози, перфузионисти и педијатари.

Одделот за детска кардиохирургија со кардиологија во „Аџибадем Систина“ е првиот комплетно опремен и кадровски екипиран педијатриски кардиохируршки центар во земјава кој овозможува дијагноза и третман на деца со вродени и стекнати срцеви аномалии на возраст од 0 до 18 години. Во модерно уреден простор располага со болнички стационар и кардиохируршка интензивна нега опремени со најмодерна медицинска технологија која овозможува високопрофесионално 24-часовно згрижување и мониторирање на пациентите. За здравјето на децата се грижи искусен тим составен од кардиохирурзи, педијатри со искуство во педијатриска интензивна нега, педијатар кардиолог, кардиоанестезиолози, кардиоперфузионисти и медицински сестри обучени во областа на детската кардиохирургија. Во Одделот за кардиохирургија е сместена и детската интензивна нега, која се состои од 7 педијатриски интензивни места и 7 педијатриско-кардиохируршки места изградени според светски протоколи.

Благодарение на мултидисциплинарниот пристап, инфраструктурна, кадровска и технолошка опременост, одделот овозможува интегрално згрижување на кардиолошките проблеми, од прецизна дијагноза (пренатална и/или постнатална) до конечен третман, вклучително и постхируршко интензивно лекување, што е реткост и за болниците од регионот. На одделот се изведува хируршки третман на целиот спектар на вродени срцеви мани, кои најчесто се изведуваат во првата година во животот, но и подоцна во зависност од дијагнозата. Понатамошното следење на пациентите продолжува во педијатриските амбуланти од страна на детските кардиолози.

Грижата за здраво срце на вашето дете започнува уште во бременоста. Во „Аџибадем Систина“ трудниците имаат можност за фетална ехокардиографија со која се овозможува рана детекција на срцеви аномалии на плодот. Тимот детски кардиолози изведува кардиолошки скрининг на новороденчињата и ехо на срце кај деца. Посебен акцент е ставен и на дијагнозата и третман на ревматолошки болести.

Со постоењето на инфраструктура и кадар одделот e во можност за првпат во нашата држава да ги згрижи сите деца од областа на детска хирургија и педијатрија кои побаруваат интензивен третман и реанимација од најрана возраст до 18 год.

За граѓаните на Македонија сите кардиохируршки услуги на одделот се покриени од ФЗОРСМ.

Кардиохируршки интервенции кај педијатриски пациенти:
  • Поправка на отсатен пулмонален залисток (Absent pulmonary valve repair)
  • Корекција на аномален влив на пулмонални вени (парцијален)
  • Корекција на аномален влив на пулмонални вени (комплетен)
  • Аортна стеноза (Росс процедура)
  • Корекција на аорто-пулмонален прозорец
  • Атријален свич-операција (JAtene)
  • Корекција на атријален септален дефект (комплетен)
  • Корекција на атријален септален дефект (парцијален, Primum ASD)
  • Би-дирекционален Глен шант
  • Б-Т шант процедура
  • Решавање на коарктација на аорта
  • Палијација на double inlet left ventricle (PA banding, B-T shunt, Glenn, Hemi Fontan, Fontan)
  • Корекција на double outlet десна комора
  • Корекција на ебштајн аномалија
  • Процедура фонтан
  • Хеми-фонтан процедура
  • Корекција на хипопластично лево срце (Norwood procedure, Sano modification of Norwood, Glenn, Hemi fontan, Fontan)
  • Корекција на прекинат аортен лак
  • Коно-процедура
  • Корекции на митрална валвула
  • Норвуд-процедура
  • Лигирање на перзистентен дуктус артериозус
  • Бендинг на пулмонална артерија
  • Корекција на пулмонална стеноза
  • Rastelli операција
  • Процедура сенинг
  • Комплетна корекција на тетралогија фало
  • Корекција на транспозиција на големи крвни садови
  • Корекција на трикуспидна атрезија (PA banding, B-T shunt, Bi-directional Glenn, Heni Fontan procedure)
  • Корекција на трункус артериосус
  • Корекција на васкуларен ринг (Double aortic arch, Right aortic arch with left sided patient)
  • Корекција на вентрикуларен септален дефект
 
Eлектрофизиологија кај деца
Процедури
  • Поставување на трајни срцеви електростимулатори (пејсмејкери) по трансвенозен пат, еднокоморни (VVIR), двокоморни (DDDR), срцев ресинхронизациски пејсинг-систем (CRT-P), срцев ресинхронизациски пејсинг и дефибрилациски систем (CDR-D), дефибрилациски пејсинг-системи, еднокоморни и двокоморни (ICD VR,DR)
  • Поставување на привремен трансвенозен пејсинг-систем
  • Електрофизиолошко инванзивно тестирење за преткоморни и коморни аритмии
  • Електрофизиолошко фармаколошко тестирање на преткоморни и коморни аритмии
  • Електрофизиолошка студија со радиофреквентна катетер аблација на преткоморни кружни тахикардии, преексцитациски кружни тахикардии
  • Комплетно амбулантско следење на пациенти со поставени пејсинг-системи
  • Неинванзивно амбулантско следење на срцевиот ритам (24-часа холтер континуирано мониторирање)
Катетеризации на срцето

Срцевата катетеризација е минимално инванзивна процедура што ја изведуваат интервенциони педиајтриски кардиолози за да добијат подобар увид на срцето и да лекуваат проблеми на срцето, вклучувајќи ги тука и вродените мани на срцето.

Состојби кои се третираат со катетеризација на срцето
  • Стеноза на аортна валвула
  • Атријален септален дефект (АСД)
  • Коарктација на аорта
  • Перзистентен дуктус артериозус (ПДА)
  • Вентрикуларен септален дефект (ВСД)
  • Стеноза на пулмонална валвула
  • Дијагнастичка катеризација со мерење на притисок и градиен

Доктори во одделот

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.