Клиничката болница „Аџибадем Систина” има потреба од:
- СМЕТКОВОДИТЕЛ
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Сметководителоте одговорен за навремено и целосно водење на сметководствената евиденција во „AP” и „GL” модули (како дел од сметководтствениот систем ERP Oracle) вклучувајќи:
- Евидентирање и следење на обврските кон домашни и странски добавувачи
- Усогласување на салда и отворени ставки со добавувачи;
- Контрола на доспеаноста на обврските и подготовка и реализација на денарски и девизни плаќања;
- Книжење и усогласување на извршените плаќања;
- Следење и усогласување на аванси кон добавувачи;
- Комуникација со добавувачи во врска со фактури, плаќања и отворени ставки;
- Контрола на исправноста и комплетноста на документацијата пред книжење и плаќање;
- Спроведување на процедури за месечно и годишно затварање на сметководтвената евиденција согласно роковите за финансико известување;
- Подготовка на потребни извештаи и аналитики поврзани со обврските и плаќањата;
- Придонесува да се формираат процедури и политики со цел ефикасно водење на сметководствената евиденција
- Соработка со останатите сектори во компанијата и со надворешни институции согласно потребите на работното место
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
- Високо образование од областа на економијата, финансии или сметководство
- Познавање на МСФИ и даночна регулатива
- Добро познавање на MS Excel
- Искуство со ERP/сметководствен софтвер и познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Прецизност, аналитичност и високо ниво на одговорност;
- Способност за организација на работата и почитување на рокови;
- Добри комуникациски способности и тимска работа.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.
- Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.