Аџибадем Систина

Активен оглас

Активен оглас

Радиолошки технолог

Објавено на: 06.04.2026
Статус: Активен

Клиничката болница “Аџибадем Систина”, со цел проширување на својот тим, објавува оглас за вработување на радиолошки технолог.

 
                                                         ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
 
  • Извршува радиолошки снимања/испитувања (рентген, компјутерска томографија-КТ, магнетна резонанца-МРИ, а по потреба и други дијагностички процедури)
  • Ги подготвува, информира и правилно позиционира пациентите за снимање
  • Ракува со современа радиолошка опрема и софтвери за обработка на медицински слики
  • Ги следи и применува сите протоколи за радиолошка заштита и безбедност на пациентите и персоналот
  • Доколку е потребно асистира на докторот радиолог при интервентни процедури
  • Одржува хигиена и функционалност на работниот простор и опремата во континуирана комуникација и координација со медицинскиот тим на одделот

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  • Завршено високо образование за радиолошки технолог и положен стручен испит
  • Минимум 2 години искуство на позицијата
  • Познавање на апаратите на одделот и нивното функционирање
  • Познавање на мерките за безбедност и претпазливост
  • Високо ниво на внимателност при работењето
  • Високо развиени комуникациски и тимски способности
  • Способност за работа во динамична средина
  • Одговорност, прецизност и организираност
  • Високо ниво на доверливост и работна етика
  • Познавање на работа со компјутер
  • Одлично познавање на англиски јазик

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Огласот е отворен 15 (петнаесет) работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.

Прикачете CV *

Се согласувам личните податоци да се чуваат во датабазата на Клиничка болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА Скопје за регрутација на кадар.

Повеќе информации околу заштитата на личните податоци можете да прочитате во Политика на приватност.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.