Клиничка болница „Аџибадем Систина” има потреба од:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Службеникот на паркинг врши контрола на сообраќајот/возилата при влегување во кругот на болницата, ги насочува пациентите и посетителите за паркирање на возилата на слободни паркинг-места, со цел максимално искористување на паркинг- просторот. Ги регулира и ги насочува возилата на фирмите добавувачи при дотур на стока, возилата од комуналните претпријатија, фирми сервисери, како и возилата од организирани посети на болницата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
- Завршено средно образование;
- Задолжително поседување возачка дозвола;
- Искуство во работа на паркинг ќе се смета за предност;
- Познавање англиски јазик;
- Организациски вештини;
- Комуникациски вештини;
- Способност за координација;
- Способност за соодветно реагирање во итни ситуации
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на e-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на : Клиничка болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.
- Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.