Аџибадем Систина

Активен оглас

Активен оглас

Доктор - Специјалист по трансфузиологија

Објавено на: 26.12.2025
Статус: Активен

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
           Клиничка Болница “Аџибадем Систина” има потреба од :
 
Доктор-Специјалист по трансфузиологија
 

ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА

Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, согласно потребите за унапредување и проширување на здравствените услуги, објавува оглас за вработување на доктор-специјалист по трансфузиологија, кој ќе биде одговорен за планирање, организација и спроведување на сите активности поврзани со трансфузиолошката дејност, со цел обезбедување безбедна, квалитетна и ефикасна здравствена заштита на пациентите. Доколку сакате да бидете дел од динамичен и стручен тим, ве покануваме да се пријавите.

ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Врши специјалистички прегледи и консултации од областа на трансфузиологијата
  • Спроведува надзор на трансфузија на крв и крвни компоненти
  • Врши контрола на квалитетот, складирање и дистрибуција на крв и крвни деривати
  • Врши следење и примена на национални и меѓународни протоколи и стандарди во трансфузиологијата
  • Води уредна и точна медицинска и административна документација
  • Соработува со други специјалисти и останат медицински персонал во рамки на болницата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  •  Завршени медицински студии;
  • Специјализација по трансфузиологија;
  • Важечка Лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ;
  •  Претходно искуство ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорење, читање, пишување);
  • Познавање на работа со компјутери;

 

ЛИЧЕН ПРОФИЛ

  • Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
  • Почитување на правила и кодекс на работа;
  • Внимателност и прецизност при работењето;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата;
  • Процена на проблеми и решавање на проблеми;
  •  Флексибилност;
  • Адаптибилност;
  • Висока работна етика. 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. 

Прикачете CV *

Се согласувам личните податоци да се чуваат во датабазата на Клиничка болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА Скопје за регрутација на кадар.

Повеќе информации околу заштитата на личните податоци можете да прочитате во Политика на приватност.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.