Клиничка Болница “Аџибадем Систина” има потреба од :
Доктор-Специјалист по трансфузиологија
ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА
Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, согласно потребите за унапредување и проширување на здравствените услуги, објавува оглас за вработување на доктор-специјалист по трансфузиологија, кој ќе биде одговорен за планирање, организација и спроведување на сите активности поврзани со трансфузиолошката дејност, со цел обезбедување безбедна, квалитетна и ефикасна здравствена заштита на пациентите. Доколку сакате да бидете дел од динамичен и стручен тим, ве покануваме да се пријавите.
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ
Врши специјалистички прегледи и консултации од областа на трансфузиологијата
Спроведува надзор на трансфузија на крв и крвни компоненти
Врши контрола на квалитетот, складирање и дистрибуција на крв и крвни деривати
Врши следење и примена на национални и меѓународни протоколи и стандарди во трансфузиологијата
Води уредна и точна медицинска и административна документација
Соработува со други специјалисти и останат медицински персонал во рамки на болницата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
Завршени медицински студии;
Специјализација по трансфузиологија;
Важечка Лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ;
Претходно искуство ќе се смета за предност;
Одлично познавање на англиски јазик (говорење, читање, пишување);
Познавање на работа со компјутери;
ЛИЧЕН ПРОФИЛ
Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
Почитување на правила и кодекс на работа;
Внимателност и прецизност при работењето;
Способност за индивидуална и тимска работа;
Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата;
Процена на проблеми и решавање на проблеми;
Флексибилност;
Адаптибилност;
Висока работна етика.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
Дискреција на кандидатите е загарантирана.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.