Клиничката болница “Аџибадем Систина” има потреба од искусен и мотивиран лабораториски техничар-трансфузист.
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
· Примање, обработка и анализа на примероци на крв и нејзини деривати
· Изведување на тестови за крвна група, Rh-фактор и скрининг за трансмисивни болести
· Подготовка и евиденција на крвни компоненти
· Учество во процеси на примање нарачка за анализа и соодветно етикетирање на материјалот за анализа
· Води уредна евиденција на медицинската документација
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
- Завршено средно медицинско училиште, образовен профил-лабораториски техничар; положен стручен испит
- Завршена едукација по трансфузиологија во траење од 6 месеци- положен испит за лабораториски техничар-трансфузист
- Работно искуство во трансфузиолошка лабораторија ќе се смета за предност
- Познавање на стандардни лабораториски техники и апарати
- Одговорност, прецизност и способност за тимска работа
- Познавање на работа со комјутери
- Високо ниво на доверливост и етика
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени нa e-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.
- Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.